ЗИМСКИ OUTDOOR НАСТАН ВО КРУШЕВО
When in Krusevo -
Winter is here!

08.02.2019 - 10.02.2019

Картите се во продажба преку MkTickets!


Одличен попуст за сместување!

/

WINTER IS HERE

08-1 0 Февруари, 2019

Природа и авантура!

Зимски убавини, чист воздух, крушевски планини! Рекреативна зимска тура, попуст за ски карта, попуст за зимски тандем параглајдинг!

Забави и дегустации

Дневна журка, дегустација на крушевски street food, варено вино, ноќни забави на два стејџа...

Сместување

Попуст за сместување во хотели и вили во Крушево, за СЕКОЈ учесник на фестивалот!

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

на првиот зимски oudoor фестивал во Крушево

Драги гости, повторно ја имаме честа и привилегијата да Ви посакаме срдечно добредојде на  првото зимско издание на outdoor фестивалот на When in Krusevo – Winter is here. Ве покануваме на зимската адреналинска авантура низ прекрасната и чиста крушевска природа. Ви подаруваме незаборавни снежни пејсажи, панорами и снежната Крушевска корија. Ви нудиме можност за феноменални фотографии. Нашиот град срдечно ќе ви подари и 100% чист воздух.

Веруваме дека уникатното искуство за зимско тандем параглајдинг летање, рекреативната пешачка и фото тура, дегустација на улична храна, одличните забави и дружење, како и уште многу други активности се доволен поттик да поминете незаборавен викенд во прекрасното Крушево.

Ви посакуваме срдечно и адреналинско добредојде на When in Krusevo – Winter is Herе!

Со љубов и почит,
Другарите од Outdoor Manifest

АГЕНДА

Ова се дел од настапувачите на забавите органирани во склоп на настанот, останатите ќе бидат дополнително објавени :)

КАКО ДА УЧЕСТУВАМ?

За учество на фестивалот, потребно е да ја пополните google формата на следното копче. *Програмата во детали, како и начин на плаќање на котизацијата, дополнително ќе бидат објавени.

Купи карта онлајн

Промоција на карти, плати 4 земи 5, стандардна карта, како и параглајдинг тандем, купи преку When in X : * карти можат да се набават и преку МК Тикетс, или при пристигнување.